18.8 C
Скопје
15. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Ја скрши вратата, истрча кај поранешниот свекор“: старец настрада заштитувајќи ја поранешната снаа во Романија

78-годишен маж починал во село на истокот на Романија обидувајќи се да ја одбрани својата поранешна снаа од новиот сопруг насилник.

Тој бил удрен со стап во главата кога му застанал на патот на насилникот, а кога поранешната снаа Мануела истрчала во неговата куќа барајќи помош.

Според локалните медиуми, Мануела живеела со насилникот неколку години и заедно имале 18-месечно дете. Осомничениот за убиството и претходно бил насилен кон неа, а ситуацијата кулминирала вчера кога Мануела, плашејќи се дека ќе ја убие, почнала да трча низ селото и истрчала во дворот на своите поранешни свекор и свекрва за да моли за помош.

„Тој дојде кај мене и ми упадна дома. Почнав да бегам, а истрчав кај свекор ми барајќи помош. Свекор ми излезе во дворот, а јас почнав да трчам по ридот. Не знам што му направи, побегнав сама, не видов“, изјавила Мануела.

„Видов дека оди со палка, беше решен да ја убие, а потоа излезе дедото и силно го удри дедото по главата“, изјави роднина на убиениот, кој е очевидец на злосторството.

„Во овој напад е повредена и сопругата на убиениот. Таа исто така добила силен удар во главата и е префрлена во болница, каде што е задржана“, изјави Богдан Горгита, портпарол на полицијата.

Соседите на осомничениот велат дека тој отсекогаш бил насилен и дека знаат оти тепал и други жени, меѓу кои и неговата сопруга. Самата Мануела сведочи дека се обидел да ја убие пред еден месец.

„Влета во куќата и ме избоде со нож. Ги прескокна децата за да дојде до мене. Ми се закануваше дека ќе ме каменува. Ми рече дека ќе ме искасапи ако повикам полиција“, им рекла Мануела на новинарите.

Не е познато дали таа претходно го пријавила насилникот во полиција.