Centar.mk
РЕГИОН

УБИСТВО ВО СУПЕРМАРКЕТ! Едно лице загина во Грција, муштериите и работниците побегнаа

Во супермаркет во Пиреја, Грција, едно лице загинало во пукање, а друго е повредено, поради што итно е пренесена во болница, пренесува „Прототема“. Полицијата го привела осомничениот.

Според првите информации, дошло до тепачка меѓу тројца државјани на Турција, а муштериите кои се нашле во продавницата почнале панично да бегаат. Жртвите од судирот не се идентификувани.

“Слушнавме два истрели. Видовме вработени како трчаат и викаат полиција. Клиентите трчаа во паника. Бевме преплашени, мислевме дека се работи за терористички напад”, изјавиле очевидци.

Двајца турски државјани влегле во продавницата и се упатиле кон делот за овошје и зеленчук. Трет човек веднаш влегол зад нив и извадил пиштол и почнал да пука.

Можеби ќе ве интересира

ЦРВЕН МЕТЕОАЛАРМ ВО ГРЦИЈА – Надлежните предупредуваат на опасни временски услови

ДЕСК

ДРАМА ВО ЗАГРЕБ – Свлечиштето се шири, семејства ги напуштаат домовите

ДЕСК

ЦРНА ГОРА И ХРВАТСКА СО ЧЕКОР КОН ЗАТВОРАЊЕ НА БОЛНО ПОГЛАВЈЕ ОД МИНАТОТО

ДЕСК