8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Доколку се укинат ковид-мерките, два милиона луѓе ќе умрат за два месеца во Кина, предвидуваат експертите

Во Кина наглото укинување на строгиот режим на мерки против коронавирусот може да доведе до речиси два милиона смртни случаи во следните два месеца.

Ова го покажа новото истражување на Центарот за рак „Фред Хачинсон“ во Сиетл, Вашингтон, врз основа на податоците за смртноста објавени од одредени универзитети во Кина, како и податоци на интернет.

Студијата вели дека зголемувањето на бројот на смртни случаи далеку ги надмина официјалните податоци на кинеската влада, која процени во јануари дека 60.000 луѓе починале од Ковид-19 во болница по напуштањето на стратегијата за нулта толеранција на коронавирусот еден месец порано.

Се проценува дека имало 1,87 милион смртни случаи повеќе кај населението на возраст од 30 и повеќе години помеѓу декември 2022 година и јануари 2023 година гледајќи ги сите провинции во континентална Кина, освен Тибет.

Одлуката на Кина во декември минатата година да стави крај на тригодишниот период на спроведување на стратегија за нулта толеранција за коронавирусот доведе до огромно зголемување на бројот на хоспитализирани и смртни случаи за кои здравствените експерти велат дека во голема мера се недоволно пријавени од кинеската влада.

Светските здравствени експерти постојано ја повикуваа Кина да открие повеќе податоци за зголемувањето на бројот на хоспитализирани и смртни случаи од коронавирусот.

Кина престана да објавува официјални дневни податоци за бројот на починати од Ковид-19 на крајот на 2022 година.

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека имало 121.628 смртни случаи од коронавирусот во Кина, а речиси седум милиони луѓе починале на глобално ниво.

Една кинеска провинција накратко објави податоци на својата веб-страница во јули, кои покажуваат дека бројот на кремирање се зголемил 70 отсто во првиот квартал од оваа година, но податоците подоцна биле отстранети, објави „Ројтерс“.

Највисоките кинески лидери прогласија решителна победа над коронавирусот во февруари. Сепак, здравствените власти во Пекинг во четвртокот рекоа дека коронавирусот останува заразна болест број еден во главниот град, според кинеските државни медиуми.

Официјалните лица рекоа дека новата варијанта на омикрон, наречена EG.5, е моментно доминантен вид во Кина.

Спонзорирано: