11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски: Ако руската инвазија успее, другите делови на Европа ќе бидат во опасност

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди денеска дека другите делови на Европа ќе бидат изложени на ризик од воена агресија од страна на Кремљ еден ден откако Данска и Холандија објавија дека до крајот на годината ќе испратат американски воени авиони „Ф16“ во Украина.

Зеленски им рекол на парламентарците во Копенхаген дека сите соседни земји околу Русија се во опасност во случај на руска победа во Украина.

„На сите соседи на Русија им се заканува опасност доколку Украина не победи“, изјавил претседателот на Украина.