25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Над 6.000 луѓе починале летово во Шпанија поради високите температури

Во Шпанија, летово, поради високите температури, починаа повеќе од 6.000 луѓе, од кои повеќето се стари и болни, како и оние што немаат средства да се заштитат од екстремните горештини.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во Шпанија минатото лето поради високите температури, според здравствениот Институт „Карлос III“ и Националната метеоролошка агенција.

Високите температури особено им се закануваат на постарите од 80 години, како и на посиромашните делови од населението, кои немаат средства да набават клима-уреди, објави „Ел Паис“.

Според податоците на порталот за недвижности „Идеалиста“ за оваа година 38 отсто од шпанските домови имаат клима-уред, што е два отсто повеќе од една година порано.

Дури и во најжешките шпански провинции речиси една третина од населението ги нема овие климатизери: во Кордоба 72 отсто од домовите ги имаат, во Севилја 71 отсто и во Мадрид 60 отсто.

Пациентите со кардиоваскуларни болести, како и оние со респираторни проблеми, како и бубрежните, хипертироидните, невролошките и психијатриските пациенти, се изложени на зголемен ризик од високи температури.