14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русија е најголемиот снабдувач на нафта во Кина и во јули

Русија остана најголемиот кинески снабдувач на сурова нафта во јули, иако нејзините испораки паднаа под претходните рекордни нивоа во месецот поради помалите ценовни попусти дадени од Русија, но и поради тоа што посилната домашна побарувачка го кочи рускиот извоз.

Испораките на нафта од Русија во Кина се зголемија 13 отсто на годишно ниво минатиот месец на 8,06 милиони метрички тони во јули или 1,9 милион барели дневно, соопшти Кинеската генерална царинска управа. Во првите седум месеци од годинава руските испораки на годишно ниво се зголемени 25 отсто, на 60,66 милиони тони.

Испораките на нафта од Саудиска Арабија за Кина во јули се намалени 14 отсто на годишно ниво и 31 отсто на месечно ниво, на 5,65 милиони тони.