10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Харадинај: Курти создава паралелен систем, нема доверба во сопствената земја

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, посочи дека премиерот на Косово, Аљбин Курти, е единствениот премиер што не верува во системот на сопствената држава, туку создава паралелен систем.

Харадинај на „Фејсбук“ напиша дека Курти вработува луѓе што се надвор од институциите, дури и за најчувствителните владини операции, кои влијаат и на националната безбедност.

„Но, тоа се луѓе што се доволни да бидат негови слуги, како што беше случајот со Ридван Мухареми“, вели тој.

„Тоа се кратките врски на државното заробување со бескрупулозните пријатели поради кои алармирав пред една година, врски што секојдневно сè повеќе излегуваат на виделина“, напиша Харадинај.

Ридван Мухареми е уапсен во петокот заедно со двајца функционери на Министерството за индустрија, претприемаштво и трговија под сомнение за корупција и дека учествувале во аферата со житото.