24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Авион се запалил за време на лет: патниците во паника гледале како избувнува пожарот

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како пожар избувнал во моторот на авионот на американската компанија „Саутвест ерлајнс“ веднаш по полетувањето.

Видеото го објави Би-би-си, каде што се наведува дека драмата во авионот „боинг 737“ се одвивала на летот од Хјустон до мексиканското летувалиште Канкун.

Авионот наводно принудно слетал, а пилотот безбедно го вратил леталото на аеродромот во Хјустон.

„Саутвест ерлајнс“ во соопштение наведува дека авионот имал механички проблем набргу по полетувањето и дека бил приземјен.