23.8 C
Скопје
12. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во октомври почнува судењето на Себастијан Курц: Објавени се обвиненијата против него

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц е обвинет поради сомневање дека дал лажни изјави за време на истрагата на Владата за таканаречениот скандал на Ибица.

Обвиненијата беа објавени во петокот наутро од страна на австриското економско и корупциско обвинителство повеќе од две години откако Курц потврди дека е под истрага. Кривична пријава е поднесена и против неговиот поранешен шеф на кабинет Бернхард Бонели, јавуваат австриските медиуми, пренесува Политико.

Судењето на Курц започнува на 18 октомври.

Во изјавата во петокот наутро, Курц рече дека наводите се „лажни“.

– Обвиненијата се лажни и со нетрпение очекуваме кога вистината конечно ќе излезе на виделина и кога на суд ќе се докаже дека обвинувањата се неосновани – нагласи тој.