16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

СЗО: Внимателно ја следиме новата варијанта на коронавирусот

Светската здравствена организација (СЗО) и американските здравствени власти објавија дека внимателно ја следат новата верзија на коронавирусот иако можните последици од многуте мутации BA.2.86 сè уште се непознати“.

„СЗО одлучи да ја класифицира новата варијанта во групата варијанти под надзор поради многу големиот број (повеќе од 30) генски мутации што ги носи“, пишува организацијата во епидемиолошкиот извештај за пандемијата на Ковид-19 објавена во петокот вечерта.

Новата верзија досега е пронајдена во Израел, Данска и во САД.

„Можните последици од мутациите BA.2.86 сè уште не се познати и се предмет на темелна анализа“, велат од организацијата предупредувајќи уште еднаш дека е важно да се продолжи со следење и информирање за да се добие точна и сеопфатна слика од пандемијата на Ковид-19.

До 13 август 2023 година во светот беа пријавени повеќе од 769 милиони потврдени случаи на Ковид-19 и повеќе од 6,9 смртни случаи. Вистинскиот број на заразени и починати се смета дека е многу поголем бидејќи многу случаи не се пријавени.

Спонзорирано: