13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Еди Рама беше домаќин на италијанската премиерка Мелони, „сестрата на Албанија“

Албанскиот премиер Еди Рама во Валона ја пречека италијанската премиерка Џорџа Мелони, која ја нарече „сестра на Албанија“.

Мелони дел од одморот го помина во Албанија на покана на Рама. Албанскиот премиер на својот фејсбук-профил објави заедничка фотографија со изрази на благодарност.

„Сестрата на Албанија, брат на Италија. Ти благодарам, Џорџа, ми беше чест“, напиша Рама.

Италијанските медиуми ја пренесоа и неговата изјава дадена за време на посетата на Мелони дека таа „не греши во меѓународната политика и затоа тој особено ја цени“.

Спонзорирано: