17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Корона-узбуна во Грција: Омилената дестинација на туристите е на удар

Новата варијанта на корона вирусот, т.е. омикронскиот супстран наречен Ерис, ги загрижи експертите.

Тие се особено загрижени бидејќи пристигнуваат есента и зимата на северната хемисфера и започнува сезоната на респираторни инфекции.

Новата мутација е потврдена во најмалку 45 земји, а една од нив е Грција, која бележи зголемување на бројот на пациенти и хоспитализирани поради Ерис. Како што пишува локалниот портал Protothema.gr, поради празниците се очекува да се зголеми бројот на заразени и примени во болница, а експертите тоа го препишуваат на Ерис.

Грчките здравствени власти изразија загриженост поради брзото ширење на Ерис, која Светската здравствена организација (СЗО) ја класифицира како „варијанта од епидемиолошки интерес“.

Најзастапен е на Крит
Во моментов е најраспространет на Крит, со 41 потврден случај во периодот од 31 мај до 27 јули, пренесува „Грик Сити Тајмс“. Ерис е откриен во дури 69 отсто од новите случаи на Крит, каде веќе е упатен апел за навремено препишување на антивирусни лекови, додека здравствените власти во Јапонија, Велика Британија и САД го оценија како „многу заразно“.

„Новото избивање на епидемијата веројатно е поврзано со фактот што заедницата се оддалечи од програмата за вакцинација против корона вирусот, а хронично болните и постарите лица треба да бидат особено внимателни и ако е можно, да се вратат на секојдневна употреба на маски и почитување на растојанието“, предупредуваат експертите.

Се очекува брзо проширување
Се проценува дека празнувањето на Успение на Пресвета Богородица на 15 август и опуштањето за време на празникот ќе влијае и на случаите на корона вирусот во наредните денови. Се очекува зголемувањето на инфекциите и приемите во болница да продолжи, а експертите тоа го припишуваат на подтипот Ерис.

Вниманието е насочено кон постарите и ранливите групи од населението кои најверојатно ќе бидат поканети да примат бустер доза од вакцината наесен, како што се прави секоја година со вакцината против грип, пишува Protothema.gr.

Експертите укажуваат дека антивирусните лекови се сојузник во избегнувањето на тешка инфекција и мора да се земаат на почетокот на болеста, пред да се влошат симптомите.

Ќе доминира во Европа
Според професорот по хигиена и епидемиологија на Грчката академија на науки, Гикас Мајоркинис, процентот на подваријантата Ерис покажува нагорен тренд во Европа и се чини дека доминира.

Спонзорирано: