Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украина: Го ослободивме Урожајне, руските војници бегаат од клучното упориште

„Беше речиси сигурно дека рускиот гарнизон во окупираниот Урожајнe ќе падне. Напаѓајќи во бранови од почетокот на јуни, украинските сили со големина на дивизија, вклучително и сите четири бригади на украинскиот поморски корпус, го опколија Урожајне, мала населба со неколку стотици куќи распоредени по три паралелни патишта север-југ, во јужниот регион Доњецк“, пишува Слободна Далмација.

„Повторното заземање на Урожајнe беше само прашање на време“, оценува независен тим за разузнавање.

„Одбранбените сили ја продолжуваат офанзивата, особено во правец на Мелитопол и Бердјанск. Постигнаа успех во областа Урожајнe, каде што ја консолидираат својата позиција на освоените граници“, изјави портпаролот на Генералштабот на Украина, Андриј Ковалиов.

Урожајне е клучно руско упориште кое се наоѓа на почетокот на долгиот пат, кој преку долината на реката Мокри Јали води на југ кон окупираниот Мариупол. Целиот украински корпус, кој се состои од четири бригади, се концентрираше на првата линија на овој фронт од околу 15 километри со цел да го зајакне притисокот по долината на реката Мокри Јали. Наизменично со тенкови и оклопни камиони во брзи колони, украинските маринци ја направија оската на напредување по коритото на реката Мокри Јали еден од поуспешните краци на украинската контраофанзива досега.

Како што напредувале источно и западно од Урожајне, Украинците им оставиле на Русите само еден излез од градот: патот Т0518, кој води јужно до две соседни села. И кога исцрпениот руски гарнизон почна целосно или делумно да се повлекува во сабота и недела, тие го направија тоа пеш и среде бел ден, повлекувајќи се преку отворениот пат и полињата покрај автопатот.

Украинските беспилотни летала го следеа сето тоа прелетувајќи им над главите и вперувајќи артилериски батерии кон нив. Следеше тежок масакр, пишува Слободна Далмација.

Две видеа од беспилотни летала објавени од Министерството за одбрана на Украина во неделата покажуваат дека десетици Руси брзаат по патот. На првото видео се гледа како експлодира артилериска граната, фрлајќи војници на земја. Во друго видео, украинските стрелци користат смртоносна касетна муниција што е забранета во повеќето земји, но не и во Русија, Украина или САД. Муницијата се состои од неколку помали експлозивни подмуниции.

„Ова е само уште едно видео кое го докажува слабиот квалитет на руските командни структури. Да се ​​даде таква панична наредба за повлекување и да се дозволи сопствените трупи да бидат буквално уништени без прибежиште од темнината или некои возила, само по себе е „мајсторска“ класа на неуспех. Малку е веројатно дека во Урожајне има живи руски војници, се вели под видеото. Видеото е геолокацирано на патот јужно од Урожајне. Се чини дека војниците се повлекуваат кон Старомлинивка.

Украинските сили ги зајакнаа своите позиции на периферијата на Урожајне во регионот на Доњецк, откако повторно го освоија селото од руските сили, изјави заменичката на министерот за одбрана на Украина.

Хана Маљар утрово на Телеграм објави дека населбата е ослободена, додавајќи дека офанзивните операции продолжуваат.

Спонзорирано: