14.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трагедија во Виена: Таткото ја нападнал поранешната сопруга и го киднапирал детето, телото на момчето е извлечено од Дунав

Телото на петгодишното момче, кое беше киднапирано од неговиот татко минатата недела, е пронајдено во Дунав во близина на Виена, јавуваат локалните медиуми.

Момчето било пријавено за исчезнато минатата недела, откако неговиот татко не го вратил кај мајка си по посетата.

Истиот ден, според медиумите, таткото на момчето со чекан ја нападнал поранешната сопруга.

Телото на детето било извлечено од реката во саботата на 12 август околу 18 часот, а засега не се знае колку долго телото било во водата. Обдукцијата треба да открие како починало момчето.

Полицијата трага по таткото (41), кој не бил во неговиот стан во Виена, ниту се појавил на работа откако минатиот викенд исчезна со детето.

Минатиот викенд го зеде детето, бидејќи имаше право да го види неколку часа. Кога мајката (39) излегла надвор од куќата да ги пречека, тој се појавил без детето, со чекан во раката.

Настанала расправија, по што тој ја удрил жената неколку пати по главата и телото. Трагедијата ја спречил сосед, кој го слушнал крикот и излетал надвор да ја заштити жената. За тоа време мажот побегнал.

Спонзорирано: