8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нова несреќа на море: Потона брод со мигранти кај Сицилија, спасувачите трагаат по исчезнатите

Едно лице загина, а спасувачите трагаат по уште едно исчезнато лице од брод со мигранти што потона синоќа, 12 август, во близина на италијанскиот остров Сицилија.

Агенцијата АНСА јавува дека италијанските спасувачи спасиле 11 лица по синоќешната бродска несреќа.

Истиот извор јавува дека се работи за мигранти од Алжир.

Во исто време, чамец со мигранти синоќа потона во близина на островот Лампадуса, а спасувачите спасија 45 непријавени мигранти од Африка.

Локалните власти соопштија дека од синоќа во Лампадас пристигнале близу 400 мигранти од Африка.

На 9 август во близина на Лампадуса потона чама со мигранти и најмалку 41 лице го загуби животот.

Според Меѓународната организација за миграција (ИОМ), повеќе од 14.000 луѓе загинале или исчезнале на море обидувајќи се да преминат од Либија и Тунис во Италија од 2014 година.

Спонзорирано: