9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Докторка во САД обезглави бебе за време на раѓањето

Докторка од Атланта, Џорџија и болница во округот Клејтон се соочуваат со тужба по едно трагично породување во јули. Во тужбата се наведува дека д-р Трејси Ст. Џулијан му ја „откинала“ главата на бебето за време на породувањето.

Адвокатите на Џесика Рос и нејзиното момче Тревеон Тејлор, кои останаа без дете, опишаа што се случило на 9 јули за време на раѓањето на синот на парот во јужниот регионален медицински центар, пишува Си-би-ес.

„Кога се отвори утробата, стапалата излегоа, телото излезе, а главата ја немаше. Д-р Трејси Сент Џулијан додека се обидуваше да го породи бебето, толку силно ги повлече главата и вратот на бебето што коските на черепот, лицето и вратот се искршија“, изјави Родерик Едмонд, еден од адвокатите на родителите на бебето.

Докторката, болницата и неколку медицински сестри се обвинети за крајно невнимание и прикривање на настанот

Парот сега ја тужи докторката Трејси Ст. Џулијан, болницата и неколку медицински сестри кои учествувале во породувањето. Тие се товарат за крајно невнимание и прикривање на случајот.

„Здравствените лица во јужната регионална болница, по ужасниот инцидент им ги кажаа овие работи и потоа се обидоа да прикријат што всушност се случило“, рече Кори Линч, друг адвокат што ја застапува двојката.

Адвокатот Едмонд даде дополнителни, уште повознемирувачки детали за тоа што се случило во родилната сала. „Откако бебето беше цврсто завиткано, главата беше ставена на ќебето за да изгледа дека главата на бебето е закачена, иако не беше“, рече адвокатот.

Според адвокатот, докторката Џулијан и медицинскиот персонал во болницата не го пријавиле грозоморниот инцидент во полиција. Родителите од погребалното дознале дека нивното бебе е обезглавено.

„Д-р Џулијан дури тогаш му кажа на семејството што всушност се случило. До тој момент тие го охрабруваа семејството да го кремира бебето. Нивните соништа и надежи се претворија во кошмар”, рече адвокатот.

Спонзорирано: