12.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

(Видео) Украина: Русите бомбардираа хотел во кој се одржува детски камп

Вчера, според локалните украински власти, во гранатирањето на регионите Харков и Запорожје загинале две лица, а неколку други биле ранети. Во нападот на хотел во Запорожје најмалку 16 лица се повредени, меѓу кои и четири деца, изјави Јуриј Малашко, шеф на регионалната воена администрација.


Меѓу повредените деца има и тригодишно девојче. Едно лице е убиено во нападот, соопштија властите. Во областа Харков, по руското гранатирање на селото, една жена загина, а двајца мажи се повредени, изјави Олех Синијехубов, шеф на воената управа на регионот Харков.

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека во хотелот што вчера го ракетираа руските сили се одржувал детски камп, односно работилници, а активностите на дневниот камп завршиле околу еден час пред нападот, пишува Си-ен-ен.


„Тие целеа кон деца. Во хотелот „Реикарц“ во Запорожје, кој беше цел на руските терористи, се одржуваше дневен камп за деца на возраст од 6 до 13 години. Кампот е отворен до 18 часот секој ден, а нападот е извршен во 19 часот. Едно лице загина, а 16 се ранети“, соопшти вчера Министерството.

Хотелот често го користи и персоналот на ОН и членовите на други хуманитарни организации.

Спонзорирано: