9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Иран и САД разменуваат затвореници

Иран го потврди ослободувањето на американските затвореници во затворот Евин во Техеран, како дел од договорот за размена на затвореници со Соединетите држави, објави иранската официјална новинска агенција Ирна.

„Согласно овој договор, пет ирански затвореници во САД и пет американски затвореници во Иран ќе бидат разменети“, објави агенцијата Ирна, повикувајќи се на информиран извор.

Петмина Американци затворени во Иран се преместени од затвор во домашен притвор, изјавија семејствата и Вашингтон во четвртокот, што е првиот чекор во кревкиот договор што може да одмрзне милијарди долари за Техеран.

Ослободувањето на тие затвореници – од кои еден е затворен речиси осум години – доаѓа по тивките и интензивни преговори меѓу Вашингтон и Техеран, кои се во непријателство со децении.

Не е прецизирано за кои ирански затвореници станува збор, но во август 2022 година Иран извести за притвор на „десетици“ ирански државјани во Соединетите држави, вклучувајќи ги Реза Сархангпур и Камбиз Атар Кашани, обвинети за „кршење на американските санкции“ наметнати на Техеран.

Следниот чекор во договорот, изјави извор близок до преговорите, би можел да биде трансферот на 6 милијарди ирански средства замрзнати во Јужна Кореја на посебна сметка во Катар. Иран би можел да ги искористи за да купи прехранбени производи и лекови.

Ако се оди според планот, затворениците ќе можат да го напуштат Иран во текот на септември, изјави добро информиран извор.

Четворица затвореници – иранско-американските државјани Сиамак Намази, Емад Шарки, Морад Тахбаз и еден чие име не е објавено – го напуштија затворот Евин во Техеран, познат по неговите нехумани услови, во четвртокот. Еден ден претходно, семејствата добија известување од американските власти за напредок во преговорите.

Во четвртокот вечерта, иранската делегација во ОН го потврди нивното ослободување од затвор.

Спонзорирано: