17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Туристот морал да плати и за сечењето на сендвичот, од ресторанот велат: „Дополнителните барања имаат цена“.

На глобалната туристичка платформа TripAdvisor, турист се огласил и покажал сметка од ресторан на италијанското езеро Комо во која му наплатиле за сечење сендвич. Имено, на сметката му додале уште две евра бидејќи сендвичот што го нарачал му бил преполовичен.

Надоместокот за сечење сендвич е 2 евра
Неименуваниот маж, кој пристигнал во регионот на езерото Комо од блискиот Милано, нарачал вегетаријански сендвич исполнет со помфрит во барот „Пејс“. Откако ја изел, се шокирал кога открил несакано поскапување на неговата сметка, пренесува Јутарњи.хр.

Тој ја подмирил сметката без да се пожали на персоналот, но подоцна објавил негативна рецензија на TripAdvisor.

Незадоволниот гостин објаснил дека нарачал сендвичот да го сподели со пријател, но тие никогаш не побарале од вработените во ресторанот да го преполоват.

– Неверојатно, но вистинито – напишал човек со фотографија од сметката на TripAdvisor. На него се гледа дека цената на сендвичот е 7,50 евра, Кока Кола чини 3,50, водата 1,50 и еспресото 1,00 евра, а тука е и спорниот ‘diviso da meta’, такса за сечење сендвич која изнесува 2 евра.

Тој ја подмири сметката без да се пожали на персоналот, но подоцна објави негативна рецензија.

Човекот му дал на ресторанот една ѕвезда на TripAdvisor, што е далеку од просечните четири и пол ѕвезди – врз основа на повеќе од 100 прегледи.

Забрана за делење порции
Сопственичката на ресторанот се бранеше на прашањето за спорната такса.

– Дополнителните барања имаат цена – изјави сопственичката Кристина Бјаки за италијанскиот весник „Ла Република“.

Оваа практика не е невообичаена во скапите градови и популарните туристички дестинации во САД, каде што понекогаш се наплаќа за споделување оброк. Некои ресторани во Њујорк дури забрануваат споделување.

Бидејќи оваа приказна за ненадејна наплата на услугата стана вирална, TripAdvisor беше принуден да ги паузира прегледите за предметниот ресторан, што беше на удар на лути коментари.

– Поради неодамнешниот настан кој го привлече вниманието на медиумите и предизвика наплив на критики кои не го опишуваат искуството од прва рака, привремено го прекинавме објавувањето на нови критики за овој објект – се наведува на веб-страницата.

Спонзорирано: