16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

17 загинати и 30 исчезнати при превртување на брод во Бенгалскиот залив

Најмалку 17 припадници на етничката група Рохинџа загинаа, а 30 се водат како исчезнати откако брод се преврте поради лошо време во Бенгалскиот залив претходно оваа недела, соопштија во четвртокот хуманитарните работници во Мјанмар.

Волонтерите рекоа дека осум лица биле спасени од бродот кој пловел за Малезија, посакуваната дестинација за илјадниците Рохинџи кои бегаат од прогонот и сиромаштијата во Мјанмар и Бангладеш.

Се уште не е јасно од каде тргнал бродот.

„Пронаоѓаме мртви тела од 7 август“, рече Мин Хтал Вах, претседател на фондацијата „Шве Јанг Мета“, спасувачка организација со седиште во крајбрежниот регион Ракин во Мјанмар.

„За три дена најдовме 17 тела… Најдовме живи луѓе“, рече тој, додавајќи дека меѓу загинатите има и 10 жени.

Речиси милион Рохинџи живеат во тешки услови во Бангладеш, вклучително и оние кои побегнаа од смртоносната акција во 2017 година од страна на војската на Мјанмар, која негира дека извршила злосторства против човештвото врз народот Рохинџа.

Голем дел од оние кои се обидувале да стигнат до Малезија и Индонезија со чамци, умреле на море од болест, глад или исцрпеност.

Спонзорирано: