16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Необичен напад во Тексас: јастреб фрлил змија врз главата на жена, а потоа и двете животни ја нападнале

Жена од Тексас била нападната од јастреб и змија во исто време, откако птицата случајно ја испуштила змијата која паднала врз нејзината глава, пишува „Би-Би-Си“.

Пеги Џонс ја косела тревата минатиот месец кога јастребот случајно го испуштил пленот и налутено се обидел да го врати назад.

Во меѓувреме, змијата се обвила околу раката на жената и почнала да ја гризе по лицето, додека јастребот ја удирал со клунот и канџите.

„Додека се обидував да ја откинам змијата од раката, таа само се завитка околу и ме гризна за лицето. После тоа се појави јастреб, кој ја зграпчи змијата и силно ја истргна, но бидејќи не можеше да ја откине, почна да ме боде со канџите и клунот“, изјави Џонс.

По кусата борба, јастребот успеал да го извади пленот и да одлета, по што Џонс била однесена во болница од нејзиниот сопруг.

„Имав убодни рани, исеченици, гребаници и модринки“ рече таа и додаде дека нападот бил многу трауматичен и дека мислела дека ќе умре, како и дека имала проблеми со спиењето по нападот.

Како што истакна таа, во руралните области на Тексас, средбите со диви животни не се невообичаени.

„Сум видела и порано како јастребите фаќаат змии“, вели Џонс.

Спонзорирано: