Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Државјани на Албанија на аеродромот во Охрид покажале фалсификувани британски пасоши

Денес на Граничниот премин аеродром ,,Св. Апостол Павле“ во Охрид, полициски службеници ги лишиле од слобода М.В.(24), Б.И.(31) и малолетничка, сите од Република Албанија.

„При пасошка контрола и проверка било констатирано дека лицата на увид приложиле фалсификувани британски патни исправи“, велат од МВР.

Трите лица биле предадени на Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Охрид за понатамошна постапка.

Можеби ќе ве интересира

Каква храна јадеме? Ако и етикетата лаже, на што да веруваме: Нов аларм за храната што ја конзумираме

ДЕСК

ВЕТЕР ДО 60 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС: Се очекуваат најсилни удари во западните делови – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК