10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Вучиќ ја коментираше состојбата во Украина: „Ако заврши војната, светот ќе процвета за еден месец“

Српскиот претседател, Александар Вучиќ денеска е во посета на Прибој, од каде што ја коментираше војната во Украина.

„Само ако престанат да ја водат оваа војна… кредитите сега се скапи. Горивото порасна драстично“, рече Вучиќ и изрази надеж дека поради изборите во Америка нешто може да се промени во врска со војната.

„Имаат две опции. Едната е да го напаѓаат Трамп, претставувајќи се како попатриотски настроени и помагајќи и поддржувајќи ја Украина, што не сум сигурен дека ќе им донесе победа, зборувам за демократите. Втората е да се стави крај на војната и да се претстават како оние кои донесоа мир. Во тој случај целиот свет би ги славел. Еден месец по завршувањето на војната во Украина, целиот свет ќе процвета“, изјави Вучиќ.

Но, тој сепак повика на претпазливост.

„Заради војната секогаш мораме да бидеме подготвени за потешки ситуации и кризи“, рече Вучиќ.

Спонзорирано: