10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Ракетен напад врз родниот град на украинскиот претседател

Русите истрелаа ракети врз градот Криви Рих на југот на Украина, соопшти украинското Министерство за внатрешни работи.

Министерот за внатрешни работи Ихор Клименко објави дека два проектили погодиле станбени згради.

„Една ракета погоди четирикатница на образовна институција. Најверојатно има луѓе под урнатините. Спасувачите и полицијата работат“, рече тој на Телеграм.

Тој додаде дека втората ракета уништила дел од шесткатна станбена зграда, предизвикувајќи пожар. Тој потоа објави дека во ракетниот напад загинале две лица, а повеќе од 20 се повредени.

Спонзорирано: