10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нови пожари во Грција: огнот зафати шума на остров во близина на Турција, жителите се евакуираат

На грчкиот остров Хиос, кој се наоѓа во Егејското Море во близина на територијата на Турција, синоќа избувна пожар во шумска област недалеку од селото Катавасис, северозападно од градот Хиос, кој набргу зафати голем простор.

Околу еден час по полноќ беше испратена порака до жителите на селата Диејка и Катавасис да се евакуираат во Волисос, јави грчката државна телевизија ЕПТ.

Во раните утрински часови во гаснењето на пожарот учествуваа пет авиони и четири хеликоптери, од кои едниот се користи за координација на операциите за гаснење на пожарот.

На терен се вкупно 90 пожарникари, од кои 10 стигнаа со брод од островот Лезбос, и 27, кои долетаа од Атина, поддржани од 18 противпожарни возила.

Според грчката телевизија, позитивно е тоа што престанал силниот ветер, што им ја олеснило работата на противпожарните единици.

Спонзорирано: