11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Напад на митинг во Пакистан: најмалку 55 загинати и над 100 повредени

Најмалку 55 лица загинаа, а 135 се повредени во напад на бомбаш самоубиец на митинг во Пакистан, јави „Ен-би-си њуз“.

Експлозијата се случила на собир на поддржувачи на свештеник и политички лидер во областа Баџур, која граничи со Авганистан, соопштија полициските и здравствените власти.

Високиот полициски функционер Назир Кан изјави дека партиската конвенција на проталибанскиот свештеник Фазал ур-Реман се одржувала на периферијата на Кара, главниот град на областа Баџур, кога се случила експлозијата.

Реман се смета за антиталибански свештеник, а неговата политичка партија е дел од коалициската влада во Исламабад. Низ земјата се организираат состаноци за мобилизирање поддржувачи за претстојните избори во август.

Спонзорирано: