10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кина ги обвини САД дека го претвориле Тајван во „складиште за муниција“

Кина денеска ги обвини САД дека го претвориле Тајван во „складиште за муниција“ откако Белата куќа објави нов пакет воена помош за Тајван во вредност од 345 милиони долари.

Кинеската канцеларија за прашања на Тајван издаде соопштение во кое изразува противење на американската воена помош за отцепениот остров, кој Кина го смета за своја територија.

„Без оглед на износот на парите на тајванските даночни обврзници потрошени од сепаратистичките сили во Тајпеј, без разлика колку американско оружје добиваат, тоа нема да ја разниша нашата решеност да го решиме проблемот со Тајван. Нема ни да ја разниша нашата цврста волја да постигнеме повторно обединување на нашата татковина“, изјави Чен Бинхуа, портпарол на кинеската канцеларија во Тајван.

Тој оцени дека активностите на властите во Тајван се буре барут, што ја зголемува опасноста од војна во Тајванскиот теснец.

Во последниве години, Кинеската Народноослободителна армија ги зголеми своите воени маневри кон Тајван, испраќајќи борбени авиони и воени бродови да кружат околу островот.

Министерството за одбрана на Тајван денеска соопшти дека го следи движењето на шест бродови на кинеската морнарица во близина на островот.

Соединетите Држави објавија нов пакет воена помош за Тајван од 345 милиони долари во петокот, но администрацијата на Бајден одби јавно да даде детали за содржината на пакетот.

Спонзорирано: