10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Возач на четирицикл тешко повреден, излетал од патот

Вчера, во 17.15 часот, во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар – Србиново – Падалиште, С. Џ. (52) од гостиварски Равен, управувајќи четирицикл, без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Во несреќата тешки телесни повреди добил С. Џ. констатирани во Медицинскиот центар Гостивар. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.