Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Возило излета од патот во Тетово, двајца повредени

Возило излетало од патот во Тетово, тешко е повредена сопатничка.

Вчера, во 18.50 часот, во СВР Тетово било пријавено дека на булеварот Маршал Тито во Тетово, патничко возило „бмв“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од В. И. (26) од Тетово, излетало од патот.

Во несреќата тешки телесни повреди добила сопатничката Л. Ш. (18) од с. Ларце, Тетовско, а возачот добил телесни повреди констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од екипа од СВР Тетово.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Ова блокирање на државата е со умисла

ДЕСК

МВР апелира до граѓаните навремено да ги подигнат своите готови лични документи

ДЕСК

СДСМ: Врие бугарски пасоши во Владата на Мицкоски – ново признание на ВМРО-ОКГ

ДЕСК