22.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мексиканец се налутил бидејќи го исфрлиле од бар, го запалил шанкот, загинале 11 лица

Мексиканските власти соопштија дека уапсиле маж осомничен дека намерно подметнал пожар во барот во мексиканската држава Сонора, во кој загинаа 11 лица. Пожарот избувнал во 1.33 часот во саботата во бар во Сан Луис Рио Колорадо, во близина на границата со САД, пишува Си-ен-ен.

Меѓу жртвите има и 17-годишно момче и американски државјанин, изјави на прес-конференција Густаво Ромуло Салас Чвез, државниот правобранител на Сонора.

Надлежните изјавиле дека осомничениот бил во тешка алкохолизирана состојба кога го подметнал пожарот и дека фрлил запален предмет на вратата од локалот кога обезбедувањето го исфрлило од шанкот. Сведоците наведуваат дека осомничениот бил исфрлен од барот затоа што се однесувал непристојно кон жените“, се вели во соопштението на Обвинителството.

Обвинителството наведува и дека мажот фрлил нешто слично на „молотов коктел“ во барот и дека тоа го предизвикало пожарот. Покрај 11-те загинати, во пожарот се повредени и најмалку шест лица. Едно лице сѐ уште е во болница, две се отпуштени, а три се префрлени на лекување во американските болници.

Спонзорирано: