Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Бојмацалиев: На 27 април се соочив со смртта, кога некој дозволи политичките интереси да бидат над државните

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев се обрати на промоцијата на новите полициските службеници во Центарот за обука во Идризово, во присуство на премиерот Таљат Џафери.

Во своето обраќање Бојмацалиев се наврати на настаните од денешн ден 27 април 2017 година, кога беше извршен организиран упад во Собранието со цел убиство на пратеници и новинари.

„Не можам, а да не се навратам на денешниот ден 27 април 2017 година , денот кога се случи крвавиот четврток, денот кога некој дозволи политичките интереси да бидат над државните кога јас, претседателот на Владата Талат Џафери, директорот Саше Тасевски и други се соочивме со смртта. Тие сцени не се забораваат, мене ми е беа поттик плус да изградиме професионална полиција и во тоа успеавме”, рече Бојмацалиев пред новите полициски службеници во Центар за обука во Идризово, потенцирајќи им на новите вработени две работи.

„А вие почитувани имајте две работи секогаш на ум, работете според закон заради вашите фамилии бидејќи ако ви се случи нешто тие највеќе ќе тагуваат, како што денеска највеќе се радуваат на вашиот успех!”, истакна Бојмацалиев.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ ТВРДИ ДЕКА ДОЦНАТ ПЛАТИ, ЕСМ ДЕМАНТИРА – Компанијата најавува исплата во законскиот рок

ДЕСК

Петрушевски: Филипче и СДС вака гласни не беа кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

ДЕСК

Димитриевиќ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за Алта банка – СДСМ бара итна истрага!

ДЕСК