20.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Потона траект во близина на Индонезија, најмалку 15 лица загинаа, над 30 спасени

Најмалку 15 лица загинаа при потонување траект кај индонезискиот остров Сулавеси, а 33 се спасени, од кои двајца се пренесени во болница.

Причината за потонувањето, кое се случило околу полноќ, сѐ уште не е јасна.

Бродот превезувал луѓе преку заливот на островот Муна, околу 200 километри јужно од Кендари, главниот град на југоисточната провинција Сулавеси, а патувањето требало да трае само 20 минути.

Траектите се вообичаен начин на транспорт во Индонезија, а несреќите се вообичаени бидејќи слабите безбедносни прописи дозволуваат бродовите да се преоптоваруваат без соодветна опрема за спасување.