11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

„Верувам дека знаат сè“: Трамп тврди дека Тајната служба знае чиј кокаин е пронајден во Белата куќа

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти Тајната служба го познава сопственикот на кесичката со кокаин пронајдена во Белата куќа овој месец.

Трамп изрази сомневање дека официјалните лица не може да утврдат кој е сопственик на нелегалната супстанција што беше пронајдена во фоајето на западното крило на Белата куќа, објави „Фокс њуз“.

„Знаете колку камери има надвор од собата за итни случаи“, праша Трамп додавајќи: „Јас многу добро ја запознав Тајната служба и немам ништо друго, освен пофалби за нив, тие се неверојатни луѓе. И верувам дека знаат сѐ, дека се навистина паметни и добри во тоа што го работат“.

На почетокот на овој месец беше пронајдена вреќичка со кокаин, а минатата недела беше објавено дека Тајната служба не успеала да го идентификува сопственикот.