22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Поранешен офицер на ФСБ: Членовите на „Вагнер“ се подготвени да убијат Руси ако тоа им нареди манијакот Пригожин

Поранешниот агент на ФСБ и руски воен блогер, Игор Гиркин, познат и како Игор Стрелков, предупреди дека членовите на приватната воена компанија „Вагнер“ нема да се двоумат да убиваат Руси доколку тоа им биде наредено од нивниот лидер Евгениј Пригожин. Да потсетиме, членовите на „Вагнер“ минатиот месец почнаа краткотраен вооружен бунт против руското воено раководство.

Пригожин потоа ги обвини редовните руски сили дека ги напаѓаат позициите на „Вагнер“ во Украина. За време на бунтот, тие зазедоа воени позиции во Ростов на Дон и се упатија кон Москва. Сепак, сè набргу заврши благодарение на договорот со посредство на белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Вчера, Стрелков на својот канал на „Телеграм“ напиша дека за време на бунтот „вагнеровците“ совршено ја покажале својата подготвеност во иднина да ги убиваат своите сограѓани во согласност со наредбите на „манијакот“ (Пригожин), пренесува „Њусвик“.

„Слоганите на таканаречениот марш на правдата станаа референтна точка во понатамошното постоење на овој „Вагнер“, а оние сили што останаа во гореспоменатата нелегална вооружена формација под команда на (Пригожин) се истите предавници на Русија, таков каков што е и тој“, изјави Стрелков.

Тоа е сосема исто. Приватната војска на Пригожин нема морално право да се смета себеси за бранител на татковината. Стрелков истакна дека „Вагнер“ не претрпел ни најмала казна за својот неуспешен бунт против Русија.