21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Судот донесе нови мерки против таткото на убиецот Коста

Сите пари со кои располага таткото на Коста К., убиецот од Врачар да се префрлат на депозит на јавен извршител – Вишиот суд во Белград го усвои предлогот на семејствата на убиените деца во масакрот во О.У. „Владислав Рибникар“

Судот и наложи на Народната банка на Србија да ги префрли парите како што е наложено. Парите, до висината на имотно-правните побарувања на оштетените (членовите на семејствата на убиените) ќе бидат депонирани кај јавниот извршител каде ќе се чуваат до конечното завршување на кривичната постапка.

Против тоа решение е дозволена жалба, но тоа не го одлага извршувањето на решението.

Таткото на момчето-убиец од Врачар е во притвор под сомнение дека сторил тешко кривично дело против општата безбедност. На неговата сопруга, односно мајката на момчето, судот и забрани да стави под хипотека или да продава недвижен имот што го поседуваат. Ова важи и за автомобилот регистриран на нејзино име.

Спонзорирано: