Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

ТИЕ СЕ НЕСПОСОБНИ – Нема проекти низ општините кои ги води ВМРО-ДПМНЕ, вели Каевски

„Поминаа 20 месеци од мандатот на локалната власт на ДПМНЕ во над 40 општини низ државата. Заклучокот е дека градоначалниците на ДПМНЕ целосно ги разочараа граѓаните и ја изневерија нивната доверба. Нема реализација на ветеното, нема проекти, нема развој“. Овие пораки на денешната прес-конференција ги испрати портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.

„Неспособните градоначалници на ДПМНЕ од Скопје создадоа една голема депонија, нечист и нефункционален град кој се уназадува, наместо да напредува. Не е само сметот и нечистотијата. Јавниот превоз во Скопје исто така не функционира. Ветувањата за набавка на нови 250 еколошки автобуси, за бесплатен превоз, за модерен транспорт, фабрика за автобуси не се остварија.

Не се реализира ниту еден проект во градот а проектите од минатата локална власт на СДСМ стојат закочени.
Ниту „м“ од модерно Скопје како што ветуваа пред скопјани кога ја бараа довербата“, изјави Каевски.

Можеби ќе ве интересира

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +