20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Северна Кореја лансира нова балистичка ракета, 12-та оваа година

Северна Кореја лансира ракета со долг дострел од својот источен брег, што го означи дванаесеттото лансирање на Пјонгјанг оваа година, пред денешниот состанок меѓу јужнокорејскиот и јапонскиот лидер во Вилнус.

Лансирањето следува по жестоките поплаки од Северна Кореја во последните денови, вклучително и обвинувањата дека американските шпионски авиони неодамна го нарушиле нејзиниот воздушен простор, како и осудите за неодамнешната посета на Јужна Кореја на американска подморница со крстосувачки ракети со нуклеарен погон.

Лансирањето се случи во средината на самитот на НАТО во Литванија, каде што лидерите на Јужна Кореја и Јапонија ќе разговараат за растечките закани, вклучително и за нуклеарно вооружена Северна Кореја.

Јапонската крајбрежна стража соопшти дека она што се верува дека е балистичка ракета паднала во морето утрово по локално време, на речиси 550 километри источно од Корејскиот Полуостров.

Ракетата летала 74 минути до височина од шест илјади километри, а дострелот му бил околу илјада километри, јави јапонската телевизија „Асахи“ повикувајќи се на јапонски одбранбен претставник, што би било најдолгото време на летот за севернокорејска ракета досега.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида, кој е во Литванија на самитот на НАТО, му нареди на својот персонал да собира информации и да остане во приправност во случај на непредвидени настани.