24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Почина жена во САД, се качувала на карпа и паднала од 150 метри висина

26-годишна жена од Колорадо загина кога паднала од висина од 150 метри додека слободно се качувала на карпа во американскиот национален парк „Роки Маунтин“ во неделата, соопштија од паркот. Нејзиниот 27-годишен придружник ги повикал чуварите на парковите да го пријават падот од карпата Блицен на планината Ипсилон, објави во понеделникот Службата за национални паркови, објави Си-ен-ен.

Слободното качување е ризичен метод на алпинизам, односно качување по карпи во кој алпинистите се качуваат без јажиња, помош или безбедносна опрема, што значи дека се незаштитени во случај на пад.

Членовите на тимот за пребарување и спасување стигнале до неповредениот придружник во неделата вечерта и со хеликоптер го пренеле во друг дел од паркот. Што се однесува до телото на 26-годишната жена, со хеликоптер било пренесено на попристапно место, а потоа пренесено кај лекарскиот вештак, кој ќе ја утврди причината за смртта, се наведува во соопштението.