23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

СДСМ: Само преку Феникс ДПМНЕ украле 33 градинки или 15 нови училишта, толку се 57 милиони евра

Сдсм соопштение:

Само преку Феникс, само преку овој, еден случај, дури 57 милиони евра пари на граѓаните биле злоупотребени, согласно наводите во обвинението.

Со 57 милиони евра дури 33 нови, модерни и целосно опремени градинки можеле да се изградат, или 15 нови училишта ширум државата. Толку се проневерените 57 милиони евра.

Во ДПМНЕ не мислеле за подобри услови на илјадници дечиња, не мислеле за подобри услови за илјадници ученици. Од ДПМНЕ мислеле само како да се богатат поединци од партијата и од Белата палата на грбот на народот.

Ова е уште една потврда за тоа колку голема, ултра пералница на пари е Скопје 2014 и колку голема штета е предизвикана врз грбот на народот, на граѓаните, од страна на криминалната ДПМНЕ.