17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Фатен напаѓачот во Хрватска – уби жена, тешко повреди четири лица, запали куќи и автомобили

Уапсен е маж за пукање во областа Сисак, Хрватска.

Тој е приведен во службените простории на полицијата и против него ќе биде спроведена кривична истрага, извести рано утрово полицијата во Сисак-Мославина.

Во пукањето во населбата Чапрашка Пољане убиена е 45-годишна жена, а ранети се четири лица.

Како што објави „Индекс“, мажот пред бегството запалил куќи и автомобили, а при интервенцијата на овој настан со полесни повреди се здобил пожарникар.

Вчера нешто по 20:00 часот била известена полицијата, која го блокира местото и со часови во текот на ноќта трагаше по напаѓачот.

Го барале напаѓачот со дронови, а користени биле и термо камери.

Спонзорирано: