14.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Се зголемува бројот на загинати во нападот на Краматорск: најмалку 56 лица се повредени

Најмалку осум лица загинаа во рускиот напад врз градот Краматорск во источна Украина, соопшти денеска украинската служба за итни случаи.

Во соопштението се наведува дека се повредени 56 лица. Руските сили синоќа истрелаа еден ракетен проектил врз кварт со ресторани во градот Краматорск во источна Украина, а друг проектил врз село во предградието на овој град, соопшти утринава локалната полиција.

„Спасувачите работат на теренот и ги пребаруваат урнатините на погодената зграда за луѓе кои веројатно се уште се заробени под него“, изјавија претставници на службата за итни случаи на „тelegram“.

Во ударот на друг проектил во село во близина на Краматорск, пет лица се ранети.

Според украинските власти, неколку згради биле погодени и во Кременчук, околу 375 километри западно од Краматорск, во централна Украина, точно една година по сличен напад на тамошен трговски центар во кој најмалку 20 луѓе ги загубиле животите.