27.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

„Њујорк тајмс“: Генералот Суровикин знаел за бунтот на „Вагнер“; Кремљ: Тоа се шпекулации

Кремљ го отфрли извештајот на „Њујорк тајмс“ дека руски генерал наводно однапред знаел за плановите на Евгениј Пригожин, шефот на „Вагнер“, за обид за државен удар во Русија во текот на викендот нарекувајќи ја приказната „шпекулации и озборувања“.

„Њујорк тајмс“ објави дека американските власти се обидуваат да откријат дали генералот Сергеј Суровикин, поранешниот врховен руски командант во Украина, помогнал во планирањето на вооружениот бунт на Пригожин во Русија минатиот викенд. Суровикин во јануари беше сменет од генералот Валериј Герасимов, кој беше меѓу членовите на руската воена елита критикувани од Пригожин за грешки за време на инвазијата на Украина.

„Њујорк тајмс“ објави дека одлуката на Пригожин да почне бунт можеби била под влијание на верувањето дека тој ќе добие поддршка од високи воени претставници во Москва.

„Официјални претставници на САД исто така рекоа дека има знаци оти други руски генерали можеби го поддржале обидот на Пригожин насилно да го смени раководството на Министерството за одбрана. Сегашните и поранешните американски функционери рекоа дека Пригожин немаше да го почне својот бунт доколку не веруваше оти другите на позиции на моќ ќе дојдат на помош“, објави „Њујорк тајмс“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја коментира денешната статија: „Сега ќе има многу шпекулации и озборувања во врска со овие настани. Мислам дека ова е само уште еден пример за тоа“.