23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Бурна ноќ во Франција по убиството на тинејџер: Уапсени 20 лица, полицијата употреби солзавец

Дваесет лица се уапсени поради нарушување на јавниот ред и мир за време на протестите што избија во Франција откако полицаец уби 17-годишен тинејџер.

Убиството е снимено во Нантер, западно од француската престолнина, откако беше кажано дека младиот, кој по потекло е од Алжир, ги прекршил сообраќајните правила. Набрзо жртвата била идентификувана како Наел М., 17-годишен возач на доставувач.

Полицаецот во меѓувреме е уапсен, а околностите под кои се случило убиството се уште се нејасни.

Синоќа на улиците на Париз избувнаа нереди, а беа запалени и неколку автомобили.

Полицијата употреби солзавец за да ги растера помалите групи кои почнаа да прават хаос.

Иако ситуацијата се смири нешто по 3 часот наутро, тензиите продолжија, а протестите се проширија и во другите делови на Париз.

Во меѓувреме, обвинителите потврдија дека неименуваниот полицаец одговорен за пукањето е под истрага за убиство. Жртвата, идентификувана како Наел М., починала вчера по 9 часот, откако во него било пукано половина час претходно.

Градоначалникот на Нантер, Патрик Гери, рече дека е шокиран од видеата и изрази сочувство на мајката на момчето.

„Толку е тажно, тој беше толку млад“, рече Самиа Боу (62), поранешна соседка на тинејџерот, која дошла да положи букет жолти рози на местото на настанот.