23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Уживајте во сонцето до петок: Топлотен бран, па невреме – прогноза за следните 4 дена

До петок ќе преовладува претежно стабилно и топло време, освен во планинските подрачја каде ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд. За време на викендот се очекува на места да биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневните температури од недела ќе бидат во опаѓање.

Прогноза за 22.06.2023

Минимална температура: 11°C до 19°C
Максимална температура: 27°C до 34°C

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд. UV=8

Прогноза за 23.06.2023
Минимална температура: 12°C до 19°C
Максимална температура: 28°C до 35°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со услови за краткотраен пороен дожд, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. UV=8

Прогноза за 24.06.2023
Минимална температура: 12°C до 20°C
Максимална температура: 27°C до 34°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. UV=7