23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Илјадници луѓе евакуирани од згради во Кина поради огромни пукнатини

Илјадници луѓе се евакуирани во последните денови од неколку станбени згради во северниот кинески град Тијанџин, откако лизгање на земјиштето создаде големи пукнатини на околните улици.

Големи пукнатини се појавија на патиштата во близина на станбен комплекс во областа Џинан во Тијанџин. Според информациите објавени на социјалните мрежи од локалните власти, пукнатините достигнуваат длабочина од 1.300 метри.

Од 3 јуни, 3.899 жители се евакуирани од најмалку три згради, со висина од 25 ката, во блиските хотели, пренесува Global Time.

Градската управа на Тијанџин го нарече инцидентот „ненадејна геолошка катастрофа“ откако првичните информации беа добиени од експерти и неколку владини служби кои ги фотографираа локациите.

– Не може да се исклучи дека дупчењето на геотермалните извори резултирало со губење на почвата и нејзино пропаѓање на тој простор – велат оттаму.

На фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледаат криви патишта, а споменатиот „инцидент“ го привлече вниманието на прашањето за безбедноста на станбените згради во Кина. Инаку, кинеската влада воведе строги правила и строги казни во случај на незадоволително управување со недвижностите.

Покрај тоа, кинеските власти неодамна иницираа неколку состаноци на високо ниво за подготвеност за геолошки и скриени катастрофи.