18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

„Одвратен чин“ – ЕУ го осуди уривањето на браната и ја обвини Русија

Европската Унија денеска го осуди уништувањето на големата брана на југот на Украина, со оценка дека тоа е нов пример за „варварска агресија“ од страна на Русија.

„Ова е нов знак на ескалација, страшен чин кој ја потврдува варварската природа на невидената руска агресија врз Украина“, изјави портпаролот на Европската комисија Петер Стано на прес-конференција во Брисел.

Германскиот канцелар Олаф Шолц во интервју за германскиот државен медиумски сервис WDR рече дека уривањето е одвратен чин, додавајќи дека истиот е во согласност и со ескалацијата на руското насилство во Украина и со стратегијата на Путин за напад врз цивилни цели.

Претседателот на Литванија и министрите за надворешни работи на Летонија и Естонија се согласуваат дека уништувањето на браната Каховка во јужна Украина е воено злосторство за кое Русија мора да одговара.

Сепак, тие не понудија докази дека Русија стои зад уништувањето, наведува Ројтерс.

Русија ја обвини Украина.

Спонзорирано: