23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Киев отвори истрага за воени злосторства по уривањето на браната

Киев отвори истрага за воени злосторства по уривањето на браната Каховка, како и истрага за можен случај на екоцид, изјави главниот украински обвинител.

Андриј Костин рече дека Украина собира информации со тимови на терен и ќе ги достави сите детали до Меѓународниот кривичен суд.

Костин изјави за Би-Би-Си дека околу 1.500 луѓе веќе се евакуирани од регионот. Претходно на „Твитер“ напиша дека повеќе од 17.000 луѓе се евакуирани од поплавените подрачја.

Украина и Русија меѓусебно се обвинија за рушењето на браната.

Спонзорирано: