8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Пожар во руска нафтена рафинерија: веројатно причина е напад со дрон

Пожар избувна на територијата на рафинеријата „Афипски“. Се запали фабриката за дестилација на мазут. Причината можеби е напад со дрон“, напиша регионалниот шеф Венјамин Кондратиев на „Телеграм“.

Тој изјави дека пожарот е изгаснат и дека нема жртви, пренесува ТАСС. Рафинеријата во која избувна пожарот се наоѓа недалеку од црноморското пристаниште Новоросијск, во близина на друга рафинерија, која неколкупати беше нападната овој месец, јавува „Ројтерс“.

Весникот „Киев индепендент“ наведува, повикувајќи се на „Шот“, канал на „Телеграм“ поврзан со Кремљ, дека нападот со дрон се случил околу 3 часот по полноќ по што рафинеријата била зафатена од пламен и чад.

Во моментот нема информации за тоа кој го лансирал дронот, но Москва го обвини Киев за зголемени напади со беспилотни летала во Русија во последните неколку недели.

Во одделен инцидент, гувернерот на руската област Белгород, Вјачеслав Гладков, изјави дека најмалку едно лице е рането во артилериски напад врз градот Шебекино. Тој го обвини Киев за нападот, пренесува „Гардијан“. Гладков во текот на ноќта на „Телеграм“ објави дека Шебекино било гранатирано. Оштетени се и станбени згради, а гореа возила.

Москва го обвини Киев за серија напади во последните неколку недели, истовремено зголемувајќи го интензитетот на бомбардирањето на украинските градови, пишува „Гардијан“.

Едно лице загина, а четворица се ранети во напад на руски беспилотни летала врз Киев во вторникот, соопштија украинските власти.

Украина негираше одговорност за вчерашниот напад со дрон врз Москва. Киев речиси никогаш јавно не ја презема одговорноста за нападите во Русија, пишува „Гардијан“.

Спонзорирано: