10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Блинкен ја повика Турција веднаш да го потврди приемот на Шведска во НАТО

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја повика Турција веднаш да го потврди приемот на Шведска во НАТО.

Блинкен рече дека оваа нордиска земја веќе презела значајни чекори за решавање на барањата со кои официјална Анкара го условува членството на Шведска во Северноатлантскиот сојуз.

Американскиот државен секретар ги отфрли тврдењата дека администрацијата на Бајден се согласила да ѝ продаде борбени авиони „Ф-16“ на Турција во замена за Турција да го прифати членството на Шведска во НАТО, иако, како што вели, Конгресот на САД бил за таков договор.

Зборувајќи на заедничката прес-конференција со шведскиот премиер Улф Кристерсон во северниот шведски град Лулео, Блинкен рече дека Вашингтон ќе продолжи да работи на завршување на процесот на пристапување на Шведска во алијансата до самитот на НАТО во средината на јули.

„Веруваме дека дојде време за прием на Шведска и нема причина да не се оди напред во тој процес. Турција изрази легитимна загриженост, но јас сум среќен што процесот ќе биде завршен во наредните недели“, рече Блинкен.

Спонзорирано: