10.8 C
Скопје
12. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

(Видео) Пукање на шеталиште во Флорида: девет лица се повредени

Девет лица беа застрелани, меѓу кои и едногодишно дете, за време на судир меѓу две групи во Флорида, соопштија официјални лица, според Си-Ен-Ен.

Полицијата приведе едно лице, но се уште трага по дополнителни осомничени, изјавила портпаролката на полицијата, пренесе Си-Ен-Ен.

Најмладиот повреден има една година, а најстариот 65 години.

Властите соопштија дека пукањето се случило во близина на патеката на плажата, каде што се наоѓаат многу ресторани и продавници.

Звукот од пукотници ги вознемири луѓето, кои почнаа да бегаат. Кога полицијата одговори на повикот, пронајде девет ранети лица, пренесува N1.